Кумановци ја продолжија охридската агонија

Куманово го совлада тимот на АВ Охрид со конечни 77:69 , во мечот од рамките на 14-тото коло во Првата кошаркаска лига на Македонија. Избраниците на Ацо Петровиќ се опоравија од болниот пораз против Гостивар во минатото коло, па рутински ги совладаа охриѓани кои го претрпеа 10-от пораз сезонава, односно четврти последователен.

Домаќините се разиграа во втората четвртина и со серија од 9-1 стигнаа до првата посериозна предност, а пред паузата остварија до тогаш највисоки +18 поени разлика. Кошаркарите на Охрид притискаа, но најмногу што можеа да сторат е да ја намалат негативата до осум поени, меѓутоа тоа не беше доволно да се избегне ново разочарување.

Думиќ со 16 поени и четири асистенции се истакна како најефикасен кај кумановци, Ѓекиќ додаде 14. Кај поразените, најсрасположен беше Младеновиќ со 19 поени.

Во последниот меч, Блокотехна на гости го победи Пелистер со 81:66.

 

- Оглас -

Најнови вести