ПСЖ „изгоре“ во пеколната атмосфера против Лион

Пари Сен Жермен го претрпе првиот неуспех сезонава во француското првенство, откако на гостувањето кај Лион загуби со 2:1. „Светците“ втора сезона по ред си заминуваа со наведнати глави од ова гостување, а интересно е што и лани беше 2:1 за Лион.

Францускиот првак имаше водство од 1:0 со голот на Анхел ди Марија во 7 минута, но Лион до полувремето успеа да израмни преку Дембеле. На почетокот на вториот дел беше досуден пенал за Лион, а ударот од белата топча во погодок го претвори Фекир.

И покрај овај пораз, ПСЖ останува убедлив лидер на табелата со 56 бодови, 10 повеќе од Лил, додека Лион сега стигна до 43 бодови.

- Оглас -

Најнови вести