Струга со победа ја започна одбраната на титулата, Вардар поразен од АП Брера со еврогол на Јанкулов

Повратникот во Првата фудбалска лига и најтрофеен фудбалски колектив во Македонија, Вардар, загуби со 1:0 на гости кај АП Брера. Единствениот гол на мечот го постигна Ѓоржи Јанкулов во 58-та минута со прекрасен удар од 20-тина.

Шампионот Струга ТЛ со триумф од 2:0 над Гостивар ја започна одбраната на титулата. Стружани благодарение на голот на Марјан Радески во 22-та минута, а конечниот резултат го постави Јаровиќ во првата минута од судиското продолжение. Токму голот на Радески беше првиот во новата фудбалска сезона во Македонија.

Минимален триумф оствари и Тиквеш и тоа над Македонија ЃП. Кавадарчани трите бода ги освоија благодарение на голот на Иван Ивановски во 42-та минута.

Единствената гостинска победа ја оствари Шкендија која на СЦ „Билјанини извори“ во Охрид  со 1:0 го совлада дебитантот во Првата лига, Воска.

Највеќе голови во првото коло имаше во Штип каде Брегалница со 2:1 го совлада Силекс во меч во кој сите три гола беа постигнати во првото полувреме. Димитриевски и Андерсон беа стрелци за Брегалница, а голот на Силекс беше дело Милосављевиќ.

 

- Оглас -

Најнови вести