Се разгорува војната, Мбапе повеќе нема да тренира со првиот тим на ПСЖ

Челниците на ПСЖ одлучија да го деградираат Килијан Мбапе и го испратија да тренира со вториот тим на Светците, пишува англиски „Дејли Мејл“.

Оваа одлука на сопственикот на ПСЖ, емирот на Катар, Тамим бин Хамад ал Тани, доаѓа откако Мбапе го одби ултиматумот, да потпише нов договор или да биде продаден.

Мбапе освен што го одби да потпише нов договор, одби и да си замине од ПСЖ и не ја прифати понудата на Ал-Хилал кој му нудеше неверојатни 700 милиони евра за една сезона.

Напаѓачот сака да го добие бонусот за лојалност од 90 милиони евра кој му следува ако биде дел од тимот на 1-ви септември, а челниците на ПСЖ се убедени дека тој веќе има постигнато договор со Реал Мадрид, идното лето како слободен играч да се пресели на „Сантијаго Бернабеу“.

- Оглас -

Најнови вести