Екипата на Вулверхемптон Вулс на три дена пред почетокот на Премиер лигата и само на пет ден пред првиот лигашки натпревар против Манчестер јунајтед се одлучи да го раскине договорот со тренерот Хулиен Лопетеги. Според објавата од клубот, договорот е раскинат спогодбено.
Шпанецот на клупата на Вулвс пристигна во ноември минатата година, кога клубот беше на последното место, а потоа со добри резултати го донесе до 13-тата позиција и мирно обезбеди опстанок во Премиер Лигата.
The club and Julen Lopetegui have reached an agreement to part ways, ending his nine month stay as head coach.
— Wolves (@Wolves) August 8, 2023
Англиските медиуми шпекулираат дека неговиот наследник ќе биде Гери О’Нил.