Петмина Хрвати имаа генијален план за бегство од Грција, но сепак завршија во затвор

Грчката полиција продолжува со апсењата на хрватските државјани низ целата земја. Петмина Хрвати синоќа се уапсени во грчиот пристанишен град Игуменица. Планот на навивачите бил со брод да заминат за Италија, а оттаму да се вратат дома во Хрватска.

Сепак, поради големите контроли на грчката полиција, тие не успеале во својот план и најпрво се задржани во полициската станица во Игуменица, а откако е утврдено дека учествувале во инцидентите во Атина во понеделникот, се испратени во затвор во главниот град на Грција.

Синоќа е уапсен уште еден хрватски навивач во обид со автобус да отпатува во Тирана.

Според официјалните информации, бројот на уапсени е 104, а 13 лица се ослободени откако е утврдено дека не учествувале во инцидентите во кои загина навивач на АЕК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести