Навивачите на Јувентус го истераа своето, Лукаку не доаѓа во Торино

Англискиот премиерлигаш Челзи се откажа од трансферот на напаѓачот на Јувентус, Душан Влаховиќ, пишува „Скај спортс“.

Англиските медиуми пишуваат дека двата тима неколку недели преговараа за размена на напаѓачите Душан Влаховиќ и Ромелу Лукаку. Но, последните неколку дена навивачите на Јувентус вршеа голем притисок врз управата на Старата дама да се откаже од евентуалното носење на Белгиецот кој последните неколку сезони играше за големиот ривал Интер.

На крајот, навивачите на Јувентус го истераа своето бидејќи Челзи одлучи да се откаже од евентуалниот трансфер бидејќи не сакаше да го испрати Лукаку и да доплати 40 милиони евра за Влаховиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести