Сагата околу иднината на Килијан Мбапе и неговиот евентуален трансфер продолжува. Мбапе најави дека веќе не сака да игра за Пари Сен Жермен и негова следна цел е да направи трансфер во Реал Марид.
Сепак, од францускиот првак бараат многу висока сума за реализација на овој трансфер, па можно е Мбапе да остане во ПСЖ, каде што е исфрлен од првиот тим. Според последните најави од Париз, Мбапе решил дека дури и ако треба ќе остане во ПСЖ и воопшто да не игра, само да чека да му помине последната година од договорот, па следното лето ќе може да си замине од „Паркот на принцовите“ како слободен играч.
Од ПСЖ сигурно нема да сакаат да ризикуваат и да го држат Мбапе цела сезона на клупата и да не му дадат да игра, згора на тоа да му платат 220 милиони евра од последната година од договорот, па сигурно ќе го продадат дали до крајот на ова лето или најдоцна во зимскиот преоден рок.
PSG : Kylian Mbappé ne veut pas être transféré cet été
➡️ https://t.co/pllCxWAm6I pic.twitter.com/GF49DWf77Q— Le Parisien | PSG (@le_Parisien_PSG) August 10, 2023