Очекувано: Мбапе и Нејмар не се во составот на ПСЖ за првиот меч од сезоната

Двете најголеми ѕвезди во тимот на Пари Сен Жермен, Килиан Мбапе и Нејмар ги нема во составот за денешниот дуел против Лориен на „Паркот на принцовите“. Двајцата докажани голгетери се во конфликт со челниците на клубот и сакаат да си заминат во овој преоден рок.

Мбапе дури не ни тренира со првиот тим, откако најави дека нема да го продолжи договорот кој му истекува во јуни 2024 година. Францускиот репрезентативец сака летово да си замине и негова цел е да го облече дресот на Реал Мадрид. Мбапе дури најави дека е подготвен цела сезона да ја пропушти, но следното лето ќе може да си оди како слободен фудбалер.

Нејмар кој не е меѓу омилените кај навивачите на ПСЖ, сака да си оди, а негова цел е враќање во Барселона. Бразилецот јавно порача дека сака да си замине, а официјалната причина поради која сега нема да игра е дека има вирусна инфекција. Освен Мбапе и Нејмар, кај ПСЖ ќе недостасува и Марко Верати.

- Оглас -

Најнови вести