Манчини си замина од Италија за да седне на клупата на Саудиска Арабија

Роберто Манчини денеска си поднесе оставка од селекторската функција во италијанската репрезентација, но многу брзо може да си најде нов ангажман.

Манчини кој од 2018 година ги предводеше Аѕурите и во 2021 година триумфира на Европското првенство, веќе се наоѓа пред договор со фудбалската федерација на Саудиска Арабија да стане нов селектор.

Според медиумите, Манчини се согласил да потпише тригодишен договор со Саудијците за годишна плата од речиси 20 милиони долари.

https://twitter.com/SportsZone__/status/1690735440888770560?s=20

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести