Ништо од Барселона, Нејмар веќе се договорил со Ал-Хилал

Францускиот весник Л’Екип објавува дека речиси се е договорено околу трансферот на Нејмар од ПСЖ во Ал-Хилал. Според информации, бразилецот веќе ги договорил личните услови и ќе заработи 160 милиони евра за две сезони во дресот на клубот од Саудиска Арабија.

Претставници на Ал-Хилал веќе се во Париз и преговараат со ПСЖ за висината на обесштетувањето.

Нејмар во ПСЖ пристигна во 2017-тата година за обесштетување од 222 милиони евра од Барселона, што се уште е светски рекорд.

- Оглас -

Најнови вести