Претседателот на Хрватска за затворените навивачи на Динамо: „Грците ги третираат како воени заробеници“

Динамо Загреб и АЕК Атина вечерва ќе го одиграат првиот натпревар од третото квалификациско коло за Лигата на шампионите, а сите информации околу мечот се поврзани со случувањата минатиот понеделник во Атина, кога избија големи нереди помеѓу навивачите, при што загина еден фан на АЕК.

Сега и претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, со своја изјава се вклуи во дебатата околу случувањата во Атина, но повеќе се осврна на она како се третираат хрватските државјани во Грција.

„Постапките на грчките власти немаат врска со правото и демократијата. Тие не се правна држава. Луѓето ги третираат како воени заробеници. Да сум премиер, би размислил што би направил. Ова е на граница на правна војна. Не може сто луѓе да ги држите во притвор. Имаа пет дена да ја издвојат групата која ги направила инцидентите, а тие сите ги ставија во затвор. Распоредени се низ целата Грција за да ги тепаат и силуваат. Одлично, е ова е ЕУ“, изјави Милановиќ за хрватските медиуми.

Околу 100-тина навивачи на Динамо Загреб, од кои најголемиот дел се хрватски државјани, веќе осми ден се во притвор во неколку грчки затвори поради инцидентите кои се случија пред натпреварот во Атина, кој воопшто и не се одигра поради смртта на еден од навивачите на АЕК.

 

- Оглас -

Најнови вести