Манчестер јунајтед синоќа дома го победи Вулверхемптон со 1-0, но гостите биле оштетени со тоа што во финишот не им бил доделен пенал по невнимателниот старт на голманот Андре Онана. За среќа на Црвените ѓаволи, во ВАР-собата проценија дека нема пенал.
Менаџерот на Волците, Гери О‘Нил, рече дека добил извинување од Џонатан Мос, кој е одговорен за судиите во Премиер лигата.
„Секоја чест на Џонатан, кој ми рече дека тоа била очигледна грешка и дека не му се верува како можел судијата на терен да не досуди пенал и како немало интервенција од ВАР. Ова прави да се чувствувам уште полошо бидејќи сега знаеме дека сме во право, а ништо не добивме“, изјави О‘Нил.
https://twitter.com/i/status/1691194590185799683