Поранешниот претседател на ФК Љуботен: „Вистинските сопственици не можат да тренираат и да играат на своите стадиони“ (Фото)

Поранешниот претседател и генерален секретар на ФК Љуботен, Мирко Видоески, со кратка историска ретроспектива се осврна на проблемот што го имаат трите тетовски фудбалски екипи со користењето на терените.

„Вистинските сопственици не можат да тренираат и да играат на своите стадиони, ФК Љуботен на ‘стариот’, a ФК Тетекс на ‘новиот’ градски стадион! Ова е присвојување на туѓа сопственост! Стариот стадион е изграден од ФК Љуботен во 1936-38 година на земјиште купено од ИВЗ од тогашниот претседател Нико Гогов, којшто го подарил на клубот. Стадионот по Втората светска војна е национализиран и станал градски, а Новиот градски стадион сите знаат дека е изграден во 1979-1981 година по заслуга на Стојан Ѓорчески и најмногу со финансиски средства од комбинатот Тетекс, којшто учествувал со 79% од средствата, комбинатот Југохром Јегуновце со 12%, другите тетовски претпријатија со 6% и Општина Тетово со 3%. И сега оној што дал најмалку, Општина Тетово се прави газда на стадионот“, вели Видоески.

Видоески потоа сподели и фотографија од предвоениот весник „Глас Полога“ од 1939 година, во која се вели дека „Љуботен има заградено и најубаво игралиште на југот“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести