Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, утре ќе биде ставен на слатки маки да избира со кои играчи ќе го нападне Тулуз во меч од француската Лига 1.
На листата на кандидати за настап се ставени Килијан Мбапе и Осман Дембеле, па ПСЖ ќе биде далеку посилен отколку во првото коло. Се очекува Дембеле да биде стартер, а за Мбапе има дилеми бидејќи до пред некој ден не тренираше со првиот тим, но не треба да се трошат зборови за него колку е важен за ПСЖ.