ПСЖ ја одреди конечната цена за Мбапе, на потег е Реал Мадрид

Сагата околу иднината на Килијан Мбапе во Пари Сен Жермен едноставно нема крај. Голгетерот прво одби да потпише нов договор со францускиот првак, па Светците решија да го суспендираат Мбапе.

Фудбалерот пропушти добар дел од подготовките, не играше ниту во првото коло од француското првенство, но беше вратен во составот за второто коло и го даде единствениот гол за ремито на ПСЖ.

Најновите информации се дека ПСЖ формирал дефинитивна цена за Мбапе доколку некој клуб сака да го откупи неговиот договор. Светците бараат 250 милиони евра за предвремен раскин на договорот, кој истекува во јуни 2024 година.

Реал Мадрид е единствена опција за тоа каде може Мбапе да продолжи, па останува Кралскиот клуб да покаже дали е финансиски моќен да го реализира овој трансфер, кој би бил најскап во историјата на фудбалот.

 

- Оглас -

Најнови вести