Митровиќ може да си оди од Ал-Хилал дури и пред неговото официјално деби!

Александар Митровиќ само пред една седмица пристигна во Ал-Хилал од Фулам во трансфер вреден 50 милиони евра. Сепак, информациите кои пристигнуваат од Саудиска Арабија се изненадувачки.

Ал-Хилал тргнува по потписот на Ромелу Лукаку, кој никако не може да најде нов клуб, а преговорите со Челзи се веќе започнати. Доколку се случи репрезентативецот на Белгија да потпише за Ал-Хилал, тогаш Митровиќ би бил прекуброен и ќе биде испратен на позајмица.

Сепак, евентуалната позајмица повторно би била во клуб од Саудиска Арабија, а се споменуваат клубовите Ал-Шабаб и Ал-Етифак.

Тоа би значело дека Србинот може да си замине од Ал-Хилал и пред да го има официјалното деби за неговата нова екипа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести