Тричковски погоди на Кипар во мечот на кој беа постигнати 10 гола (Видео)

Иван Тричковски првпат сезонава се запиша во листата на стрелците за неговиот клуб АЕК Ларнака. Нашиот репрезентативец е најдобриот стрелец во историјата на кипарскиот клуб и веќе деветта сезона настапува за АЕК.

Тричковски прецизно стрелаше во 30-тата минута, кога го израмни резултатот на 3-3, а натпреварот заврши со 10 погодоци и без победник на крајот, 5-5. На АЕК му беше и поништен погодок во 90-тата минута за победа од 6-5.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести