Верати се сели во Азија, но не во Саудиска Арабија

Фудбалерот на ПСЖ, Марко Верати, долго беше поврзуван со можен трансфер во Ал-Хилал. Италијанецот не беше премногу расположен за преселба во Азија и очекуваше поволна понуда од Европа, но додека чекаше, му пропадна и трансферот во Ал-Хилал.

Од ПСЖ од претходно најавија дека нема да сметаат на неговите услуги оваа сезона.

И тука се појавува нов клуб од Азија, но не од Саудиска Арабија, кој сака да го ангажира Италијанецот. Се работи за Ал-Араби од Катар, кој му понудил 45 милиони евра.

Сосема извесно е дека Верати ќе ја прифати понудата и ќе потпише на Блискиот Исток, а ваквиот трансфер веројатно е најава дека се отвора нов арапски пазар, овојпат во Катар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести