Напаѓачот на Барселона, Роберт Левандовски, во пресрет на денешниот дуел со Осасуна, упати критики од судиите кои ја делат правдата во Ла Лига.
„Ла Лига повеќе не е напаѓачка лига и повеќе не е атрактивна. Шпанските судии се тие кои го убиваат фудбалот“, изјави Левандовски.
Полјакот кој на „Камп Ноу“ пристигна минатото лето, досега за Барселона одигра 49 натпревари и постигна 34 гола, а има и девет асистенции.