Трагедија: Пред шест месеци го чуваше Меси, во неделата беше убиен на улица во Панама

Хилберто Ернандес, фудбалскиот репрезентативец на Панама, е убиен во неделата, во татковината, и тоа по престрелка.

Според медиумите во Панама, 26-годишниот Ернандес е убиен откако непознати напаѓачи почнале да пукаат кон поголема група луѓе во која бил несреќниот фудбалер, кој е единствен што го загубил животот, додека неколку лица се пренесени во болница.

Првичните информации се дека две непознати лица со такси пристигнале на местото на злосторството и започнале да пукаат врз луѓето.

Еднандес во март годинава дебитираше за репрезентацијата на Панама во мечот против Гватемала, а во вториот меч за националниот тим ја имаше честа да го чува Лионел Меси во дуелот против Аргентина (2:0), но не успеа во задачата бидејќи Меси постигна гол во 89-тата минута.

Тој беше член на панамскиот Атлетико Индепендиенте.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести