Рамос: Го следев срцето, а не парите

Легендарниот шпански дефанзивец Серхио Рамос по цели 18 години се враќа во својот клуб од младоста, Севиља. Искусниот 37-годишен Рамос потпиша едногодишен договор со шпанскиот тим, иако имаше можност да игра во Саудиска Арабија или Турција.

Ал-Итихад му нудеше 15 милиони евра, додека во Турција можеше да добие неколку милиони евра за трансфер, но тој се реши повторно да го облече дресот на Севиља, и тоа само за еден милион евра. Рамос вели дека можел да остане и во ПСЖ, но тој се одлучил за Севиља.

„Можев да продолжам уште две сезони во ПСЖ, но не сакав. Секогаш се водам од срцето, а не од парите. Ете затоа не отидов во Саудиска Арабија или во МЛС во САД. Ете затоа решив да се вратам во Севиља. За мене беше сон повторно да заиграм тука“, изјави Рамос.

Фудбалерот кој ги има освоено сите најзначајни трофеи на клупско, но и репрезентативно ниво играше за Севиља во периодот од 2002 до 2005 година. Тогаш одигра 49 меча, во кои постигна три гола. Сега ќе има шанси во дебито од враќањето да стигне до јубилејниот 50-ти меч во дресот на тимот од Андалузија.

- Оглас -

Најнови вести