Репрезентацијата на Канада го освои бронзениот медал на Светското првенство во кошарка за мажи, откако денеска во утешниот меч, ги совладаа Американците со 127-118, по продолжение од пет минути.
Дилон Брукс со 39 и Шај Гилџиус Александер со 31 поен, беа творци на победата на Канаѓаните во дуелот за бронза. Ова е прва победа за Канада против соседите во еден кошаркарски меч на големите натпреварувања (СП или Олимписки игри).