Само неколку часа откако го отпуштија Флик, познат е најсериозниот кандидат за негов наследник

Репрезентацијата на Германија како домаќин на следното Европско првенство, нема квалификациски активности, па термините на ФИФА ги користи за одигрување на контролни натпревари. Од завршувањето на Светското првенство во Катар на кое не се прославија и испаднаа уште во групната фаза, одиграа вкупно шест пријателски натпревари.

Билансот е катастрофален. Четири порази, една нерешена и само една победа и тоа на првиот меч против Перу (2-0). Сето ова беше причина досегашниот селектор Ханси Флик да добие отказ, а веќе е познато името на најсериозниот кандидат за негов наследник.

Се работи за поранешниот тренер на Баерн Минхен, Јулиан Нагелсман, кој после заминувањето од клупата на “баварците“ нема ангажман.

Од него се очекува да ја крене формата на репрезентацијата на повисоко ниво и соодветно да ја подготви за настапот на Европското првенство следната година, на кое германците имаат големи амбиции. Преговорите се во тек и многу брзо треба да биде познат наследникот на Флик, бидејќи Германија веќе во вторник игра пријателски натпревар против Франција, а потоа уште три до крајот на годината.

- Оглас -

Најнови вести