Велшкиот петтолигаш Clwb Pel Droed Llanfairpwllgwyngyllgogerychwyrndrobwllllantysiliogogogoch Football Club, чие оригинално име е ова, а веројатно нема превод на македонски, има нов спонзор.
Тие во следната сезона ќе бидат спонзорирани од шпанската Ла Лига, а причината за тоа е неверојатна. Клубот од Велс во своето име има петпати двојно Л, како што е е новиот амблем на Ла Лига.
Сепак, клубот има и скратено име, кое исто така е тешко да се изговори на македонски – Ланфаирпвл.