Репрезентациите на Чиле и Колумбија одиграа без голови, 0-0, во квалификациски натпревар за пласман на Светското првенство.
Сепак, она што се случи во 72-рата минута ги загрижи чилеанските навивачи бидејќи легендата на Чиле, Артуро Видал, мораше да ја напушти играта поради повреда.
Тој се повредил уште на загревањето, но инсистирал да игра. Сепак, проблемите со коленото продолжиле и во текот на мечот, а во 72-рата минута со солзи во очите го напушти теренот. Според шпекулациите од тамошните медиуми, повредата може да е сериозна, што би значело и крај на кариерата на 36-годишниот фудбалер.
Видал во моментов настапува за бразилскиот Фламенго, а во својата богата кариера играше и за Јувентус, Интер, Барселона и Баерн.