Афонсо Фигеиредо доби чудна казна од еден меч пауза во португалското првенство поради објава на „Твитер“ во септември лани.
Играчот на Рио Аве реагираше на начинот на кој Бенфика го победи неговиот тим со 2-1, но твитот воопшто не е непристоен, ниту навредлив.
„Кога таканаречените помали тимови со игра ќе ги исплашат гигантите, секогаш ќе се најде некој да ги спречи да победат. Кога ќе тргнеш напред Португалијо?“, напиша на „Твитер“ Афонсо во септември.
Казната го стигна по цели пет месеци, а проблем за Фигеиредо веројатно е што во прашање е Бенфика. Еден од гигантите на португалскиот и европски фудбал со безброј трофеи во колекцијата се најде загрозен од обичен твит на фудбалер на „малиот“ Рио Аве.
Казната ја испорача дисциплинската комисија на Португалската федерација, а фудбалерот ќе мора да плати и 580 евра парична казна.