Вардар дури по подобро изведување на пеналите ја елиминира Беса на гостински терен во првото коло од Купот на Македонија. Во регуларниот дел беше 1:1, па мораше да се шутираат пенали. Вардар прв шутираше во пенал-рулетот и ударот заврши покрај голот. Беса ги погоди првите два шута, но во третата серија Филип Гачевски одбрани, па резултатот беше израмнет на 2:2 во пеналите од три серии.
Во четвртата и петата серија беа прецизни двете екипи, а клучна беше шестата серија. Вардарци погодија, а потоа Гачевски одбрани и Црвено-црните одат понатаму.
Во првото коло, без милост беа неколку екипи, кои едноставно ги торпедираа противниците. Шкупи даде осум гола против Коњаре, Воска Спорт броеше до 10 погодоци на гости кај Карбинци, додека Брегалница против Новаци славеше со 8:0.
Резултати од првото коло во Купот на Македонија: Арсими – Тиквеш 1:2, Башкими – Скопје 1:1 (Башкими победи на пенали), Беласица – Гостивар 0:0 (Гостивар победи на пенали), Беса – Вардар 1:1 (4:5 на пенали), Коњаре – Шкупи 0:8, Јанг тим Струга – Победа 0:0 (Јанг тим Струга победи на пенали), Карбинци – Воска Спорт 0:10, Кожуф – Брера 0:2, Новаци – Брегалница 0:8, Охрид – Детонит 2:0, Тетекс – Работнички 0:3, Велазерими – Пелистер 0:4.