Пет меча во кои се чекаат пет победи на домашните екипи

Еурофарм Пелистер синоќа доживеа тежок пораз на гостувањето кај Алборг во второто коло од ракометната Лига на шампиони откако загуби со 15 разлика. Алборг беше единствениот домаќин кој синоќа се радуваше затоа што на останатите два меча подобри беа гостите. Порто во драматичен дуел славеше кај Целје со 30:29, а ГОГ со 30:26 беше подобар од Висла Плоцк.

Денеска се играат уште пет меча од ЛШ, а интересно е дека на сите се очекува да победат домаќините. На четири средби, домаќините се речиси и апсолутни фаворити, а единствено драма и неизвесност може да се очекува на дуелот меѓу Колстад и Кјелце.

- Оглас -

Најнови вести