Хајдуковци си направија луда забава, Трајковски се појави во дрес на Лука Дончиќ (Видео)

Македонскиот фудбалски репрезентативец Александар Трајковски вчера за првпат тренираше со својот нов тим, сплитскиот Хајдук, а синоќа фудбалерите на овој клуб беа собрани на забава по повод роденденот на капитенот Марко Ливаја.

Хајдук влезе во резултатска мини-криза, а тим-билдингот минал одлично и можеби ќе помогне за подобрување на атмосферата. Снимка од краток дел од прославата може да погледнете ТУКА.

Инаку, нашиот Трајковски привлече внимание со тоа што се појави облечен во дрес на кошаркарот Лука Дончиќ од Далас маверикс.

 

- Оглас -

Најнови вести