Генк и Фиорентина ги поделија бодовите, но дуелот имаше предигра на белгиските улици (Видео)

Екипите на Генк и Фиорентина синоќа со реми 2-2 го започнаа својот настап во групната фаза на Конференциската лига. Сепак, овој натпревар имал своја предигра по улиците на Генк во која учествувале навивачите на двете екипи.

На еден час пред почетокот на мечот, автобусите со навивачи на Фиорентина се движеле кон стадионот кога биле нападнати од домашните фанови. Гостинските навивачи се симнале од автобусите и започнала жестока пресметка по улиците, по која се уапсени повеќе од 100-тина навивачи на гостинската екипа.

https://twitter.com/hooliganscz1999/status/1704886517074653208?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1704886517074653208%7Ctwgr%5Ea10394f12df3c8c60e7e309e90ae2028706f057a%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.index.hr%2Fsport%2Fclanak%2Fvideo-masovni-sukob-navijaca-uoci-utakmice-konferencijske-lige%2F2497431.aspx

- Оглас -

Најнови вести