Женската фудбалска репрезентација на Македонија, со пораз од Бугарија стартуваше во Лигата на нации во најнеквалитетната Лига Ц од ова натпреварување.
На тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје, Бугарките победија со 1-0, со гол на Јоана Станкова уште во 4-тата минута од дуелот. Македонскиот тим во 90-те минути, не упати ниту еден шут во рамките на голот на противникот.
Како да ни е судбина дома да губиме од источниот сосед со 0-1 на свој терен, така беше и лани во септември кога машкиот А тим загуби во Скопје со истиот резултат.
Инаку, во група со Македонија и Бугарија, е и репрезентацијата на Косово.
Со овој пораз, се намалуваат шансите за прво место во групата кое води во поквалитетната Лига Б, а на дуелите со Косово може да се брка второто место.