Риека минимално со 1:0 победи на гостувањето кај Славен Белупо, а единствениот погодок на мечот беше вистинско ремек-дело на гостинскиот дефанзивец Нико Галешиќ. Се играше 40-тата минута од мечот кога Галешиќ доби топка од својот голман пред шеснаесетникот и реши да тргне во напад.
Како што доаѓаше кон противничката половина, ниту еден ривал не тргна да го нападне, па Галешиќ започна продор кој на крајот заврши со погодок. Успеа да помине 80-тина метри и потоа рутински да го матира домашниот голман.
Оваа ситуација и неверојатниот погодок може да го видите на видеото почнувајќи од 3:10 минута.