Не е само Алонсо, Реал Мадрид го мерка и тренерот на Брајтон

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, интензивно е во потрага по наследникот на Карло Анчелоти и од утринава нов фаворит од следната сезона да ги предводи Кралевите е актуелниот менаџер Брајтон, Роберто де Ѕерби.

Шпанското радио Кадена сер објави дека Де Ѕерби има поголеми шанси да седне на клупата на Реал Мадрид од актуелниот тренер на Баер Леверкузен и поранешен играч на Кралевите, Чаби Алонсо.

Де Ѕерби минатата сезона седна на клупата на Брајтон наследувајќи го Греам Потер и ги освои навивачите со офанзивниот и атрактивен фудбал со кој Брајтон на крајот го освои шестото место и за првпат во клупската историја обезбеди пласман во европските купови.

Брајтон и сезонава тргна одлично и по шест одиграни кола, се наоѓа на третото место на табелата со 15 бода, три помалку од лидерот Манчестер сити.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести