Капитенот на Манчестер сити, Винсан Компани покажа дека е голем хуманист. Дефанзивецот кој поголем дел од сезонава ја пропушти поради повреди, реши да направи потег за памтење. Ќе ја донира годишната плата од Манчестер за помош на бездомниците во градот.
Како што вели самиот Компани, со овој потег тој сака да му се оддолжи на градот во кој дојде во 2008 година.
„Манчестер ми даде многу и сега е време јас барем малку да вратам. Благодарен сум за сè што имам и сакам да помогнам колку што можам. Многу луѓе имаат големи проблеми, па дури немаат ни кров над главата. Се надевам дека ќе успеам барем малку да им помогнам на бездомниците во Манчестер“, рече Компани.
Фудбалерот дури организираше и добротворна вечера на која беа собрани плус 216.000 фунти. Легендарниот англиски фудбалер Гари Линекер даде 13.000 фунти за купување дрес на Компани.