Саво Милошевиќ промовиран во нов селектор на БиХ, откри со која формација ќе игра

Некогашниот српски фудбалер Саво Милошевиќ и официјално е преставен за нов предводник на селекцијата на Босна и Херцеговина. Милошевиќ доаѓа на местото на Мехо Кодро, кој неодамна доби отказ по серијата слаби резултати во квалификациите за пласман на Европското првенство 2024 година.

По шест одиграни кола во квалификациите, БиХ има само шест бода и е на четвртото место во групата каде [to лидер е Португалија со максимални 18 бодa, пред Словачка со 13 и Луксембург со 10 бодa.

Дебито на селекторската клупа Милошевиќ ќе го има на гости кај Лихтенштајн на 13 октомври, а потоа следува и дуел против Португалија во Зеница на 16 следниот месец.

Според првичниот план, Милошевиќ најави дека ќе ја врати формацијата 4-2-3-1 со која ќе игра Босна и Херцеговина во следниот период.

- Оглас -

Најнови вести