Се појави снимка на која младите ватерполисти од школата на белградски Партизан, тренираа во празен базен, во кој немаше вода, иако водата е неопходна за играње ватерполо.
Пред неколку дена, Партизан кој е седумкратен европски првак, но во последните години е во криза, објави дека имаат голем проблем бидејќи базенот „Бањица“ уште од крајот на јули не е во функција.
На снимката која стана хит, децата наместо да пливаат, се принудени да трчаат од една до друга страна од базенот, но јасно е дека тоа не може да им помогне да станат подобри ватерполисти во иднина.
https://twitter.com/i/status/1707735929950011844