По завршувањето на мечот АЗ Алкмар – Легија, кој го доби холандскиот тим со 1-0, се случија немили сцени какви што ретко се гледаат, и тоа околу автобусот на гостите, кои додека се пакуваа, беа нападнати од полицијата која не им дозволуваше да влезат во автобусот.
Двајца играчи на Легија, Жосуе и Радован Панков, беа приведени, а физички беше нападнат и претседателот на клубот Дариуш Миодуски, кој бараше објаснување за постапката на полицијата.
Панков и Жосуе вечерта ја минаа во притвор, а веројатно нема ни да се вратат во Варшава со останатите соиграчи. Ова прерасна и во меѓународен проблем, ќе се вмешаат конзулатите на Србија и Португалија, чии државјани се Панков, односно Жосуе, а веќе дојде реакција и осуда од премиерот на Полска.
Припадниците на холандската полиција биле нервозни поради нередите кои ги предизвикале фановите на Легија на стадионот, еден полицаец бил и нокаутиран, но тоа не го оправдува нивниот однос кон фудбаларите и првиот човек на полскиот клуб.
Еве како полицаец со штит го удри претседателот на Легија:
Policja i ochrona nie chciała wypuścić piłkarzy i członków sztabu szkoleniowego Legii spod stadionu. Zaatakowani zostali piłkarze, sztab i prezes Mioduski. Trener przygotowania motorycznego został pobity pałkami!!! Gigantyczny skandal w Holandii!!!!!!! @PrawdaFutbolu… pic.twitter.com/VIHCFREWqQ
— Paweł Gołaszewski (@golaszewski_p) October 5, 2023