Надежите на навивачите на Барселона за враќањето на Лионел Меси на Ноу Камп повторно се подгреаја, откако Интер Мајами не успеа да обезбеди пласман во плеј-офот на МЛС лигата и многу рано ќе ја заврши сезоната.
Веќе се погласни се шпекулациите дека тој како позајмен фудбалер ќе пристигне во Барселона, со оглед на тоа дека следните активности на Интер Мајами се дури во месец февруари следната година.
Раководството на Барселона веќе ја разгледува оваа можност и според каталонски Спорт, сега веќе е отстранета и последната пречка, а тоа е елиминацијата на Интер Мајами од разигрувањето.
Сепак, сезоната за екипата од Мајами може да се прогласи за успешна, бидејќи ја острварија својата цел со освојувањето на Лига купот на Северна Америка, преку кој обезбедија пласман во континенталната Лига на шампиони и следната сезона Меси и Интер Мајами ќе ги гледаме и на меѓународна сцена на дуели против најдобрите екипи од Северна Америка.