Барселона вечерва го доби најмладиот стрелец во клупската историја!

Барселона губи со 2:1 на полувреме на гостувањето кај Гранада во меч кој ќе биде запишан во историјата на каталонскиот гигант. Очаен беше стартот на Барселона, откако гостинот прими гол по само 17 секунди игра, што е најбрз гол во мрежата на каталонскиот гигант во 21 век. Брајан Сарагоса погоди за 1:0 и радост за фановите на Гранада, а истиот игра потоа беше прецизен и во 29 минута кога зголеми на 2:0.

Барселона постојано напаѓаше и на крајот во судиското продолжување успеа да го скрши отпорот на домашната одбрана. Младиот 16-годишен Ламин Јамал погоди за 2:1 и со тоа постави историски рекорд за каталонскиот гигант. Момчето кое е родено на  13 јули 2007 година стана најмладиот стрелец со 16 години и 87 денови, не само во историјата на Барселона туку во историјата на шпанското првенство.

Јамал претходно стана најмлад асистент на погодок во првенството, а потоа стана и најмлад стрелец во историјата на шпанската репрезентација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести