Се подготвува неверојатен план: Зимава повторно ќе има дуели меѓу Меси и Роналдо

Саудиска Арабија успеа да доведе десетина светски фудбалски ѕвезди да играат во тамошното првенство, меѓу кои се Кристијано Роналдо, Нејмар и Карим Бензема. Сепак, Саудијците имаат уште една неостварена мисија, а тоа е да го доведат Лионел Меси.

Аргентинскиот виртуоз ги одби сите понуди од Саудиска Арабија и реши да потпише за Интер Мајами во САД. Сепак, само по неколку месеци поминати во Интер Мајами, повторно е актуелно прашањето каде може да заигра Меси.

Интер Мајами нема да игра во плејофот во првенството на САД и останува само еден меч, а потоа Меси е слободен фудбалер до февруари 2024 година. Токму ова е доволно да започнат шпекулациите за тоа каде Меси ќе ја продолжи кариерата.

Медиумите во Саудиска Арабија пишуваат дека веќе е започната „операција“ за Меси да дојде во оваа земја.

„Фудбалската федерација на Саудиска Арабија и Јавниот инвестициски фонд ја истражуваат можноста за потпишување договор со Лионел Меси, и тоа како позајмен играч во периодот од крајот на сезоната во МЛС до почетокот на следната сезона во САД“, шпекулираат медиумите.

Ако се остварат овие најави, многу брзо ќе се случи повторно да гледаме дуели меѓу Меси и Кристијано Роналдо.

 

- Оглас -

Најнови вести