Руни експресно си најде нова работа, се врати во Англија

Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед и на англиската репрезентација, Вејн Руни, денеска е назначен за нов менаџер на Бирмингам сити.

Руни кој минатата недела доби отказ во тимот од МЛС-лигата, Ди-си јунајтед, денеска потпиша договор на три и пол години, и доаѓа на местото на Џон Јустејс, кој во понеделникот доби отказ.

„Мојата работа е да го кренам клубот на повисоко ниво и едвај чекам да почнам да работам. Знам кои се очекувањата и сите заедно мора да го испорачаме тоа“, изјави Руни по потпишувањето на договорот.

Бирмингам сити моментно се наоѓа на шестото место на табелата во Чемпионшип дивизијата, со 12 бодови заостаток зад лидерот Лестер.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести