Меси повторно ги разочара навивачите на Барселона

Лионел Меси летоска го напушти европскиот фудбал и замина во Интер Мајами. Првите мечеви за Меси во новиот клуб беа блескави, па Интер Мајами дури стигна и до првиот голем трофеј во клупската историја.

Сепак, потоа Меси се повреди и пропушти неколку мечеви, а Интер Мајами не успеа да обезбади место во плејофот на МЛС. Токму поради тоа што нема да игра во плејофот, значи дека сезоната за Меси веќе завршува во МЛС и веднаш започнаа шпекулации дека Аргентинецот ќе се врати во Европа или дека дури и ќе замине во Саудиска Арабија додека не започне новата сезона во САД.

Сепак, според еден од најдоброинформираните новинари, Фабрицио Романо, Меси веќе донел одлука дека нема да игра за ниту еден друг клуб освен Интер Мајами. Тоа значи дека Аргентинецот решил да има подолга пауза и да ужива заедно со своето семејство додека во февруари следната година не започне новата сезона во МЛС во САД.

Тоа значи дека Аргентинецот ќе се врати на теренот во јануари 2024 година, кога ќе започнат подготовките за новата сезона во Интер Мајами. Меси има договор со овој клуб до 2025 година и планира да го одработи до крајот.

- Оглас -

Најнови вести