Се огласи поранешниот фудбалер на Челзи и Ливерпул: “Некој се обидува да изнуди пари од мене“

Откако јавноста беше шокирана од наводите дека против поранешниот фудбалер на Челзи и Ливерпул, Даниел Стариџ, е покренато обвинение во САД, се огласи и самиот фудбалер. Против него се води постапка дека не му ја исплатил наградата на човекот кој го пронашол неговото куче, а налог за апсење е издаден откако Стариџ не се појавил пред судот во Лос Анџелес на првото рочиште.

– “Вчерашната вест е првата која ја слушнавме јас и моето семејство дека некој се обидува доби пари од мене откако ми беше украдено кучето пред четири години. Вистината е дека јас лично му платив на момчето кое го пронајде кучето. Тој беше воодушевен од наградата и кучето ни беше вратено. Личноста која сега бара исплата, не треба да го прави тоа, бидејќи вистинскиот пронаоѓач е веќе исплатен. Немав информација дека се одржува судско рочиште. Документите се испратени на адресата која ја напуштивме 24 часа после кражбата. Немав прилика да ја кажам вистината за овие тврдења. Сега им дадов инструкции на мојот адвокатски тим да го решат ова во мое име. Уверен сум дека се ќе се реши во моја корист и засекогаш ќе завршат овие шпекулации“ – вели поранешниот фудбалер во објава на социјалните мрежи.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести