Го нема Мхитарјан, но Ерменците имаат многу интересен и шаренолик состав

Иако ФИФА дозволува во една фудбалска репрезентација да има само еден таканаречен натурализиран играч, а и за него има услови кои треба да ги исполни за да добие право на настап, во ерменскиот состав кој попладнево од 15 часот ќе игра против Македонија во Струмица, има многу играчи кои не се родени во Ерменија и кои имаат странски презимиња, нетипични за нивната земја.

Кога ќе се спомне Ерменија, прва асоцијација се презимиња кои завршуваат на „јан“. Во составот на селекторот Олександр Петраков има повеќе фудбалери чии презимиња завршуваат најан, како ексвардарците Тигран Барсегјан и Артак Дашјан. Ја нема првата ѕвезда Хенрих Мхитарјан, но и без него имаат состав за почит.

Голманот им се вика Огнен Чанчаревиќ, кој е роден во Србија, а последните пет години брани за Алашкерт во Ерменија. Резервниот голман се вика Станислав Бучнев и тој е Русин кој од 2020 наваму брани за Пјуник.

Во одбраната го имаат Андре Џек Калисир, кој е роден во Шведска и никогаш не играл во ерменски клуб.

Во средниот ред имаат Нигериец, кој се вика Иву Угочукву, кој четири години играл во ерменски клубови. Секако, ни Вбејмар Ангуло не звучи ерменски, станува збор за играч од средниот ред на Алашкерт (член е на Арарат, позајмен во Алашкерт) кој е роден во Колумбија.

Младиот Грант-Леон Ранос е роден во Германија, член е на Борусија Менхенгладбах, а неговиот татко е Ерменец. Има шпекулации дека вистинското презиме му е Јераносјан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести