Химки се избори за триумф против Будуќност со конечни 98:90 на гостувањето во „Морача“. Црногорскиот состав го загуби мечот буквално во последната минута, во која кошаркарите на Химни остварија серија од 8-0 за одлучување на победникот.
Будуќност во последните 40 секунди го загуби поседот во обид да израмни на 90:90, меѓутоа со една кобна грешка ги загубија сите шанси за славење, особено откако Џордан Мики во следниот напад реализираше кош со дополнително слободно фрлање.
Токму Мики ги предводеше гостите со 25 поени, а со 17 поени заврши Џенкинс. Кај Будуќност, најефикасен беше Норис Кол со 20 поени, додека 17 поени додаде Битадѕе.
Анадолу Ефес ѝ го нанесе 16-тиот пораз на Гран Канарија сезонава со конечни 93:74 во мечот од 22-то коло во Евролигата. Иако гостите беа рамноправни противници во поголемиот дел од средбата, одличната серија на кошаркарите на Анадолу во последната четвртина ја обезбедија 14-тата победа во тековната сезона.
Симон со 25 поени беше најефикасен кај домаќините, Лакрин додаде 18 поени, додека кај поразените најрасположен беше Ханан со 16 поени и пет асистенции.