Интер Мајами и Лео Меси веќе немаат шанси за пласман во плејофот од МЛС-лигата, па викенд-натпреварот против Шарлот може да биде последен официјален за Aргентинецот оваа календарска година, барем на клупски план.
Откако беше јасно дека сезоната за екипата од Мајами ќе заврши рано, се појавија шпекулации дека тој како позајмен ќе игра за Барселона, но тој самиот го демантираше ова по квалификацискиот натпревар на Аргентина против Перу.
По натпреварот од новинарите беше запрашан дали во опција е позајмица во Барселона, на што Меси кратко и јасно одговори: „Не“. Со тоа згаснаа надежите на навивачите на Барселона дека тој ќе се врати на „Камп ноу“.
Постојат шпекулации дека е можно најдобриот светски фудбалер да се пресели и во Саудиска Арабија, но таа опција е скоро невозможна.