Олимпијакос го совлада Партизан со 98-94 во најинтересниот натпревар вечерва во кошаркарската Евролига. Победникот беше решен по продолжение од пет минути.
Партизан одигра феноменална трета четвртина во која блескаше Смаилагиќ, а домашните доминираа во последниот квартал и беа на секунда од победата, но со тројката на Нанали, средбата отиде во продолжение од пет минути. Во пенал-завршницата во екстра периодот, домашните беа поуспешни и дојдоа до втората победа сезонава, а Партизан има скор 1-3.
Инаку, во салата „Мир и пријателство“ беше присутен и легендарниот Жарко Паспаљ, кој некои од најславните денови во клупската кариера ги имаше токму во Партизан и Олимпијакос, па веројатно сеедно му беше кој ќе победи.