Вечерва се возат квалификациите за неделната трка од Формула 1 шампионатот, на патеката во Остин, Тексас, за Големата награда на САД.
Макс Ферстапен од Ред Бул кој веќе ја обезбеди третата шампионска титула, е голем фаворит за да се најде на пол-позиција. Според квотите во Sport Life, секој друг исход освен победа на Ферстапен во квалификациите, ќе биде големо изненадување.
Вечерва најпрвин ќе се возат слободни тренинзи, а потоа и официјалните квалификации кои ќе почнат во 23 часот по македонско време.