Возачот на Ферари, Шарл Леклер, беше најбрз во квалификациите за Големата награда на САД, и на утрешната трка во Остин ќе тргне од пол-позицијата.
Со освојувањето на пол-позицијата, Леклер стана рекордер во Формула 1, тој по 21-ви пат ќе стартува од првото место на една трка, што е највеќе во историјата за еден возач кој не бил светски шампион.
https://twitter.com/i/status/1715488815811342703
Второто место во квалификациите му припадна на Ландо Норис, додека од вториот стартен ред на утрешната трка ќе стартуваат Луис Хамилтон и Карлос Саинс. Џорџ Расел го освои петтото место, додека шампионот Макс Ферстапен беше шести.